Антониа Гиговска - Фото: Ана Јанева

ВИДЕО | Антониа Гоговска со најслушана песна меѓу двата макфестовски фестивали: „Со „Жена“ пораснав и јас“

„Жена“, песната која ги освои срцата на македонската публика, а пред која се покорија и мажите, е дефинитивен хит меѓу двата макфестовски фестивали. Во изведба на Антониа Гоговска, која покрај тоа што го прими признанието и подарок од 120.000 денари на годинашниот „Макфест“, оваа песна заслужено ќе остане една од најслушаните песни, со илјадници прегледи.

Моќната балада, уште при своето прво изведување, ја освои публиката со емотивноста и неверојатната вокална интерпретација на Антониа. Песната продолжи да живее и по фестивалот, освојувајќи ги радијата, социјалните мрежи и топ-листите ширум Македонија.

Пошироката јавност ја запозна Антониа по настапот на српското музичко шоу „Пинкови Ѕвездички“, каде имаше висок пласман, но македоснката публика ја освои на 33. издание на „Макфест“ во 2018 година, каде го освои првото место со хитовската „Никогаш не вели никогаш“, која и денес важи за една од нејзините најслушани нумери.

Иако ова е нејзиното четврто учество на овој престижен македонски музички фестивал, по „Жена“, со која настапи на минатогодишното издание на „Макфест“, нејзината кариера доби една поинаква насока.

„„Жена“ е навистина песна која ги освои срцата на сите. Многу ми е драго, со „Жена“ пораснав и јас некако од девојка преминав во жена“, изјави Антониа, која во истата година стана мајка на синот Кијан, кој го има од бракот со Роберт Спасенцовски.

Зборувајќи за минатогодишните хитови на „Макфест“ низ 4 деценискиот период, и покрај тоа што веќе ја има препеано песната од Хелена Блаже „Кога те нема“, Антониа изјави дека би сакала да ја отпее и „Свирете ја зајди зајди“ од Олгица Христовска.

„„Кога те нема“ е песна која некако ми е прирасната за срце“, изјави Гоговска.

За тоа како го доживува „Макфест“, што би вратила од она што некогаш го нудеше фестивалот, за емоциите низ годините и за идните проекти, таа зборуваше за „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот