ФОТО+ВИДЕО | Моден двобој на две први дами: Брижит Макрон во чевли со тенки високи потпетици, Олена Зеленска во „вреќаст“ костум
Претседателот и првата дама на Франција, Емануел и Брижит Макрон, завчера во Елисејската палата во Париз беа домаќини на првиот пар на Украина, Володимир Зеленски и Олена Зеленска. Тоа беше можност за интересен моден дуел помеѓу Французинката и Украинката.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Брижит Макрон избрала елегантен костум во сива боја, која е една од нејзините омилени, заедно со црна, темносина и бела боја.
Таа била облечена во знакот на своите омилени бои. Централниот дел од модното издание била комбинација од класично палто и панталони со подигната половина, рамен тесен крој. Темносината марама совршено одговарала на елегантниот костум, а пред сè, на салонките во истата боја.
Брижит Макрон толку многу сака да носи чевли со вртоглави потпетици, поради што многумина претпоставуваат дека во такви чевли оди и дома.
Чевлите со тенки високи потпетици се издвојувале како многу важен детаљ од нејзиниот стајлинг, но се издвоил и масивниот прстен на нејзината рака. Ниту овој пат не експериментирала со фризурата, а покрај боб фризура, односно т.н. паж, со малку свиткани прамени, обично носи висока крената пунџа.

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, избрала комплет сосема поинаков од оној на Брижит Макрон. Таа претпочита големи модели и облека во потемна боја, како нејзиниот сопруг, кој дури и завчера не носел поформален костум, а тој е единствен на политичката сцена во однос на своите комбинации на облека.
Преголемиот крој на костумот на Олена Зеленска бил уште позабележителен, кога застанала до Брижит облечена во костум кој строго ја следи линијата на телото.
Елегантната чанта со букви и прекрасните обетки го разубавиле стајлингот на Олена Зеленска, која била топло пречекана од Брижит Макрон. Фризурата на Зеленска изгледаше многу гламурозно.
Моден дипломатски триумф: Брижит Макрон во фустан за кој светот не престанува да зборува
Олена не знаела дека Зеленски ќе се кандидира за претседател: Заборавил да ѝ каже


