ФОТО | Министерот Оливер Спасовски рамо до рамо со нашите фолк музичари во Измир

оливер спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со нашите фолк музичари во Измир, Турција / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Во општините Чашка и Чили во Измир, Турција изминатиов викенд се одржа музички фестивал каде присуствуваа неколку наши фолк музичари.

На фестивалот специјални гости беа Благоја Грујовски, Елена Велевска, Стефче Стојковски, Адријана Алачки и водителката Ирена Спировска, заедно со дуото Екрем и Ерсан и оркестарот Миксбалрум.

Грујовски на својот фејсбук-профил истакна дека во Измир присуствувале и претставници на владата, на бизнис заедницата, на општините Чашка, Струмица и Маврово-Ростуше.
„Ова треба да биде почеток на трајно поврзување на многуилјадната македонска дијаспора во Турција со татковината.  Делегација на општина Чили, престојуваше во Македонија при што во владата имаше работна средба со македонскиот тим за организација на настанот“, напиша Благоја.

Покрај музичарите во Измир, присуствувал и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој воедно се сретнал со нашите музичари.

 

Елена Велевска на својот фејсбук-профил објави неколку моменти од убавото патување, меѓу кои и заедничка фотографија со Спасовски.

„Браќа и сестри Македонци“, напиша таа во описот на едната фотографија.

„Уште едно незаборавно дружење со нашата публика во Измир, Турција. Ви благодарам од срце за прекрасната организација на општина Чашка и општина Чили. Се гледаме наскоро“, напиша Велевска.

По повод посетата во Турција, министерот информираше дека се сретнал со претставници на повеќе македонски здруженија на професори, лекари, бизнисмени кои работат на сочувување на македонската традиција, одржувајќи ја да прерасне во култура и традиција која ќе ја наследат идните поколенија.

Видео на денот