ФОТО | Мина Наумовиќ неколку часа пред породувањето објави фотографија: Водителката покажа како изгледала

Foto: Printskrin/Instagram

Мина Наумовиќ, сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, денеска се породи и на свет донесе момче, а само неколку часа пред породувањето се огласила на Инстаграм.

Имено, водителката во текот на ноќта била примена во породилиште, а само неколку часа пред породувањето објавила фотографија.

Убавата водителка позирала додека лежела на каучот, во широка маица, а во преден план бил нејзиниот труднички стомак.

Мина дури и се пошегувала на своја сметка, а веќе во текот на ноќта се породила.

Foto: Printskrin/Instagram

– ОК и сè уште сум бремена – напишала Мина неколку часа пред породувањето.

Породувањето поминало добро и поубавата половина на Огњен, Мина, родила машко дете.

Да потсетиме, Огњен и Мина се запознале и се вљубиле додека работеле на емисијата „Амиџи шоу“. Раѓањето на синот ја круниса големата љубов што се роди меѓу Огњен и неговата убава колешка Мина.

По разводот со манекенката Даниела Димитровска, со која има син, Огњен стапи во врска со колешката Мина, која е 17 години помлада од него.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот