Фото: МВР / Фејсбук

ФОТО: Насилник брутално давел и тепал жена, на девојка која реагиралa ѝ порачале: „Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“

Девојка од Скопје била сведок на брутално семејно насилство сред бел ден, кое иако сакала да го спречи и да го пријави била навредувана, а во полиција не ѝ ни дозволиле да пријави. Нејзината мајка за инцидентот објави на „Фејсбук“.

-Сред бел ден се случи страшен чин на семејно насилство. Насилник брутално тепал жена, ја давел, а рацете му биле крвави. Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: „Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави.“ Ќерка ми храбро му одговорила: „И да ѝ е маж, дали тоа значи дека смее да ја тепа?“ Најстрашно е што никој од мажите кои поминувале не се осмелил да ѝ помогне на жената. Наместо тоа, насилникот се свртел кон ќерка ми и ѝ се заканил со навредливи зборови: „Таквите како тебе на к*р ги ставам.“ Барам од Министерство за внатрешни работи итно да преземе мерки. Насилството врз жени не смее да се премолчува, ниту да се оправдува со зборовите „маж ѝ е“. Денес била таа жена, утре може да биде било која – објави жената.

Адвокатот Јанаки Митровски исто така реагираше дека МВР не сака да прими пријава бидејќи девојката била само сведок.

– Иако се работи за кривично дело кое се гони по службена должност, полицијата не сака да постапи!!!! Моја снаа и внука се сведоци на насилството кое уредно го пријавува снаата, МВР не сака да прими пријава со образложение дрка внуката била сведок, таа требала да пријави!! На мој совет, како внуката е полнолетна, пријавува таа, од ПС Беко ја враќаат со образложение дека „не ја удрил неа, не му е жена, што има да се меша“???!!! Алооооо на куп фемициди и галопирачки семејно насилство кој е овој однос на полиција???!!! – напиша Митровски.

По објавата на адвокатот скопјанката која го објави насилството напиша дека стапиле во контакт со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој реагирал, а насилникот бил пронајден.

– Голема благодарност до Јанаки Митровски кој го сподели постот и дојдовме во контакт со министерот Панче Тошковски, кој веднаш се заложи за случајот и реагираше во најбрз можен рок. Според информациите што ги имам, насилникот е пронајден и понатамошната постапка е во надлежност на МВР – објави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот