ФОТО: Масовна потрага по исчезнато аутистично момче во Германија, од Аријан една недела нема трага

Потреагата по 6-годишниот Аријан трае со денови/Фото: Х

Вчера, околу 1.200 луѓе учествуваа во досега најголемата потрага по момче кое исчезна во Бремерворде, Германија. И по една недела шестгодишниот Аријан не е пронајден.

Момчето со аутизам минатиот понеделник го напуштило домот на своите родители – и оттогаш му се губи секаква трага. Синоќа околу 1.200 луѓе го барале на копно, во река и во езеро. И покрај најголемата потрага до сега, детето не е пронајдено. Операцијата трае подолго од очекуваното.

„Поради макотрпното пребарување на непрооден терен, голем дел од силите сега ќе мируваат“, изјави синоќа портпаролката на полицијата.

Полицијата во текот на ноќта сакаше да ги анализира резултатите од обемната акција за да може денеска да продолжи со евентуални натамошни истражни дејствија.

Во неделата беше формиран координиран човечки ланец долг 1.500 метри со околу 800 луѓе кои, како што соопшти полицијата, систематски го пребарувале секој агол од теренот. Од градот Краненбург, службите за итни случаи утрото се упатија на југ кон Елм.

„Трагите кои можеби му припаѓаат на Аријан се пронајдени неколку пати во оваа област во последните денови“, соопшти полицијата вчераутро.

Попладнето се покажа дека пронајдените отпечатоци припаѓаат на други лица.

По човечкиот ланец теренот го пребаруваа мали тимови кои навлегуваа на тешко достапни места како густи грмушки.

„Никогаш досега не сум водел толку голема потрага“, рече Јерг Веземан, шеф на операции на полицијата во Ротенбург.

Според противпожарната служба на Штајнхуд, т.н ховеркрафт е многу погоден за потрага по луѓе во поплавени ливади.

Полицајци на коњ вршеа увид на каналите, а областа ја пребаруваа и десет дронови.

Засега нема информации за крајниот датум на потрагата, изјави вчера портпаролката на полицијата. „Големиот број сили покажува дека се уште имаме надеж“, рече таа.

„Тивката стратегија“ не доведе до успех

Синоќа, како и претходната ноќ, екипите за пребарување почнаа да прават врева со надеж дека шестгодишното дете ќе излезе од скривалиштето. Претходно, меѓу другото, пуштаа гласна музика и запалија огномет. Ова се работи кои му се допаѓаат на момчето, па се надевале дека ќе се движи кон нив.

Во саботата попладне, од земјоделците од областа беше побарано да се воздржат од косење до понатамошно известување.

-Не може да се исклучи можноста 6-годишното момче да се наоѓа на едно од полињата околу округот Елм, соопштија властите.

Во меѓувреме, итните служби продолжија со потрагата по Аријан на реката Осте.

Повторно беа употребени неколку сонарни чамци. Сепак, не се откриени нови траги, изјави портпаролот на полицијата во саботата попладне. Дополнителни служби за итни случаи ја чешлаа областа помеѓу Елм и општината Олдендорф.

Напад на волци е исклучен

Портпаролот на полицијата во саботата изјави дека нема докази за валкана игра. Исклучи и можен напад од волк. Советникот за волците од областа Ротенбург исто така смета дека тоа е малку веројатно. Волфганг Албрехт рече дека опасност постои само во посебни случаи, на пример кога волкот се чувствува нападнат.

Оперативната стратегија на потрагата била координирана со експерт за аутизам, изјави во петокот вечерта портпаролката на полицијата.

Откажано собирањето ѓубре, прегледани шахтите

Во петокот беше откажано собирањето ѓубре за да можат волонтерите да ги прегледаат кантите. Проверени се и шахти, шупи и гаражи. Според информациите од НДР Долна Саксонија, службите за итна помош при претресот се фокусирале и на канализациониот систем. Според полицијата, Аријан е невербален и не може да одговори ако слушне некој како му се јавува.

Во петокот вечерта, полицијата постави рефлектори во областа за пребарување кои проектираа зрак светлина на небото и свиреа детски рими до утрото. Полицијата се надеваше дека тоа ќе го привлече исчезнатото момче.

„Момчето може позитивно да реагира на вакво нешто“, рече портпаролот. Претходните ноќи помагачите меѓу другото палеле огномет, изјави портпаролот на полицијата. На барање на родителите, пожарникарите закачиле балони и бонбони во шумата во близина на семејната куќа на момчето.

Момчето во понеделникот вечерта го напуштило својот дом облечено само во лесна облека. Носеше џемпер со долги ракави, црни спортски панталони и чорапи без чевли. Тоа го покажаа и снимките од приватната надзорна камера во околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот