ФОТО: Манчини и Вијали, вчера и пред 30 години
Репрезентацијата на Италија се пласира во четвртфиналето на ЕП, но до тоа дојде многу потешко од очекувањата. По 120 минути игра, Италија ја совлада Австрија со 2:1, а сите голови паднаа во продолженијата од по 15 минути.
Тешката победа, Италијанците знаеја да ја прослават, а во центарот на вниманието беа селекторот и директорот на репрезентацијата, Роберто Манчини и Џанлука Вијали, поранешните соиграчи од Сампдорија, но и од репрезентацијата.
Манчини дури 15 години од својата играчка кариера ја помина во Сампдорија (1982-1997), а осум години (1984-1992) соиграч во нападот му беше токму Вијали, и тие двајца претставуваа вистински страв и трепет за голманите во Серија А. Тие заедно освоија една титула во Серија А, три пати италијанскиот Куп, по еднаш Суперкупот на Италија и Купот на куп победници, а играа и во финалето на Лигата на шампионите.
Двајцата големи пријатели емотивно ги прославија головите на Киеза и Песина за пласман во четвртфиналето, а нешто слично направија и пред 32 години кога беа соиграчи во Сампдорија.
Mancini and Vialli, 32 years apart pic.twitter.com/ml0AoLV5Ca
— Si Lloyd (@SmnLlyd5) June 26, 2021
ВИДЕО: Италија во продолженијата го скрши отпорот на Австрија!