ФОТО: Македонија помеѓу репрезентациите со најмали шанси за следна фаза на Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација ја оствари основната зацртана задача со изборениот настап на Европското првенство 2026, но прогнозите за натамошен успех не се охрабрувачки.
Препорачано
Анализата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) покажува дека „жолто-црвените“ имаат само 8,9 проценти шанси да ја поминат групната фаза. Ждрепката не беше наклонета кон Македонија, која се најде во исклучително тешка група со актуелниот светски шампион Данска, силната селекција на Португалија и Романија, што значително ги намалува шансите за евентуално изненадување.
Во проценките на ЕХФ, на македонската репрезентација не ѝ се предвидува реална можност ниту за пласман во четвртфиналето, ниту за борба за медали и настап на завршниот викенд од шампионатот. Полоши изгледи за продолжување понатаму имаат само Грузија, Фарските Острови, Романија, Италија и Украина, што јасно ја сместува Македонија меѓу аутсајдерите на турнирот.
Европското првенство Македонија го почнува вечерва против Данска во терминот од 20:30 часот.

ВИДЕОАНКЕТА: Што очекувате од ракометната репрезентација на Европското првенство?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


