ФОТО: Маестро Зоран Џорлев со нов непрепознатлив изглед

Instagram

Нашиот врвен виолинист Зоран Џорлев со години негуваше препознатлив стил со подолга коса и брада. Но, неодамна решил да воведе драстична промена во својот изглед со кој ги „збуни“ своите обожаватели и пријатели.

Џорлев сподели две фотографии на својот „Facebook“ профил, шегувајќи се на своја сметка: „Горан брат му на Зоран… хаха… Малку освежување без брада“, напиша Џорлев.

Facebook
Facebook

Фотографиите за многу кратко време предизвикаа лавина коментари. Неговите обожаватели и пријатели го поздравија новиот изглед на маестрото, велејќи дека е непрепознатлив.

Facebook
Facebook

Некои од неговите пријатели почнаа шеговито да коментираат дека жена му Офелија нема да го препознае, дека изгледа десетина години помладо…

Instagram
Зоран со неговите синови / Instagram

Како и да одлучи да изгледа, Џорлев останува еден од најдобрите македонски виолинисти, чија музика се слуша низ цел свет.

Зоран Џорлев е познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми. Тој е професор по виолина и магистер по фолклористика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот