ФОТО | Мадона откри кој бил нејзин најдобар љубовник – син е на поранешен американски претседател
Во текот на промоцијата на својот новиот албум „Confessions II“, кој излегува на 3 јули, поп кралицата Мадона учествуваше во разговор на Гриндр заедно со неколку познати имиња од светот на модата, уметноста и забавата. Неизбежна тема стана нејзиниот љубовен живот, а едно прашање доведе до неочекуван одговор.
Препорачано
Во видео кое првично го објави „Пејџ сикс“, дизајнерот Раул Лопез директно ја праша Мадона кој бил нејзин најдобар љубовник. Пејачката пред да одговори постави едно правило.
„Ќе именувам само мртви луѓе“, рече таа, пред речиси со шепот да го изговори името на Џон Кенеди Помладиот.
Мадона притоа рече дека тој бил најдобар љубовник и – надарен.
View this post on Instagram
Присутните беа изненадени за момент, а потоа реагираа со неверица и смеа. Лопез притоа додаде дека веќе слушнал слични приказни за синот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.
Мадона и Џон Кенеди Помладиот имаа кратка врска кон крајот на 1980-тите, иако луѓето од неговиот круг подоцна тврдеа дека станува збор само за минлива романса.
Според биографијата од 2024 година „ЏФК помладиот: Интимна усна биографија“, близок пријател на Кенеди ја опишал нивната врска како краткотрајна афера без сериозни намери. Сепак, некои извори тврдат дека младиот Кенеди бил фасциниран од познатата пејачка уште од првата средба.
Мадона не е единствената позната личност која зборувала со симпатии за Џон Кенеди Помладиот. Актерката Брук Шилдс неодамна го опиша како еден од најдобрите љубовници кога станува збор за бакнежи.
Покрај личните откритија, Мадона го искористила интервјуто за промоција на албумот „Confessions II“, додека Гриндр најавува и ограничено винилно издание на плочата со посебен дизајн.
ВИДЕО | Дваесет и една година подоцна, Мадона најави продолжение на својот култен албум
Шакира, Мадона и „БТС“ ќе настапат на првото шоу на полувреме во историјата на Мундијалите


