ФОТО | „Љубовта е во воздухот“: Дејвид Гета доби син со 24 години помладата девојка

Фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Францускиот диџеј Дејвид Гета (56) и неговата девојка Џесика Ледон (32) го добија нивното прво заедничко бебе, открија тие преку заедничка објава на Инстаграм во неделата, пренесува „Пипл“.

„Љубовта е во воздухот. Сијан, добредојде“, напишаа тие покрај фотографијата на Гета, кој ја гушка Ледон додека нивното новороденче, синот Сијан, спие на нејзините гради.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Дејвид Гета

Во коментарите се огласи и 20-годишниот син на Гета. „Малиот брат ќе биде силен“, напиша тој. Холандскиот диџеј Тиесто додаде: „Среќен сум за вас двајца! Секоја чест брат“.

Двојката е заедно од 2015 година, а потврдија дека чекаат бебе минатиот ноември на црвениот тепих на латинските награди Греми во Севиља. Наводно, тие не планираат да се венчаат бидејќи музичарот „повеќе не верува во брак“.

Гета има и две деца со поранешната сопруга Кети Лобе (56). Тие ја имаат ќерката Енџи (16) и синот Тим ​​Елвис (20). Тој беше во брак со Лобе од 1992 до 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот