ФОТО | Љубовницата на Путин сѐ почесто во јавност: Се шпекулира за нова улога…

Фото: Профимедиа

Алина Кабаева (39), поранешна гимнастичарка и наводна долгогодишна љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, се појавила на гимнастичкиот куп „Евгенија“ во сибирскиот град Омск, кој се организира за деца од украинските подрачја окупирани од Русија. Поранешната освојувачка на златни олимписки медали, која ретко може да се види во јавноста, позирала со млади спортисти и други членови на жирито.

Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

Кабаева наводно долго се криела во Швајцарија, каде што според шпекулациите, во 2015 година родила дете на Путин. Но, нејзините патувања на Запад сега се драстично ограничени поради санкциите кон Русија.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ пишува дека Алина летала за Омск под силно обезбедување и дека не се знае колку долго таа ќе остане во Сибир.

Фотоa: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Веќе некое време се шпекулира дека Кабаева цели кон голема политичка улога во режимот на Путин. Според една теорија, таа сака да ја наследи претседателката на државниот сенат на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко (74), највисоко позиционирана жена-функционер во опкружувањето на Путин, за која многумина веруваат дека е подготвена да се пензионира.

Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

„Ваквиот непотистички потег на крајот може да значи и дека Кабаева сака да го наследи Путин на функцијата претседател“, пишува „Дејли мејл“.

Поранешната гимнастичарка во моментот е шефица на медицински конгломерат во сопственост на олигарх лојален на Путин.

Се верува дека рускиот претседател и Алина се во врска од 2008 година, а Путин тогаш сè уште беше во брак со поранешната прва дама на Русија Људмила.

Алина Кабаева за првпат во јавноста откако беше наречена „љубовница“ на Путин

ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

„Сан“ тврди: Љубовницата на Путин е бремена по трет пат, рускиот претседател е лут

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот