ФОТО: Скопје ли е, Чернобил ли е?

Граѓаните на Скопје повторно преку социјалните мрежи реагираат со видеа и фотографии од загадувањето во главниот град во ноќните часови. Познатиот кинематографер од наградуваниот филм „Медена земја“ Фејми Даут објави неколку фотографии.

Новите фотографии покажуваат дека на полноќ во Скопје индустриски објект испушта големи количества чад во воздухот.

Граѓаните реагираат дека станува збор за горење на отпадот во УСЈЕ поради што Лисиче наликува на Чернобил.

Под фотографијата на Даут скопјани допишаа дека загадување има не само во Аеродром туку и во Карпош 4, Центар и Железара.

Претходно, реагираа средношколци кои посочија дека во Лисиче има прегуста магла со чуден мирис.

ВИДЕО кое за жителите на Лисиче е алармантна реалност: Не се дише, ова е геноцид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот