ФОТО | Линда Евангелиста се враќа на модната сцена: Манекенката позираше за кампањата на „Фенди“ со високо крената глава

линда евангелиста
Линда Евангелиста / Фото: EPA-EFE / Инстаграм

За познатата канадска манекенка и модел Линда Евангелиста во последните години многу се пишуваше, а тема беше драстичната промена на нејзиниот изглед како последица на неуспешните естетски операции.

„Непрепознатлива сум“ призна супермоделот од 90-тите Линда Евангелиста преку емотивна објава на својот инстаграм-профил, објавувајќи дека останала „перманентно деформирана“ како последица од негативна реакција на третман за намалување на сало.

56-годишната легендарна супермоделка во емотивна објава на својот инстаграм – профил им соопшти на своите следбеници зошто во последните пет години се повлекла од јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)


Преку текстуална фотографија Евангелиста информираше дека пред пет години се подложила на неоперативен третман за намалување на салото, но искусила редок несакан ефект кој всушност ги зголемил нејзините масни клетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„На сите мои фанови кои се прашуваа зошто не работев додека кариерите на моите соработнички просперира, причината е дека јас бев брутално деформирана од процедурата „CoolSculpting“ на „Zeltiq“ која го направи спротивното од тоа што го вети“, напиша таа.

По долгата борба со депресијата како и чувството на длабока тага и незадоволство од сопствениот изглед Линда пред неполна година им вети на своите следбеници дека ќе ослободи себеси од својот срам и да излезе од својот дом со високо крената глава бидејќи е уморна од тоа да живее на сегашниот начин и покрај тоа што се личи повеќе на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)


Манекенката на својот инстаграм – профил деновиве сподели своја фотографија од неодамнешната кампања на „Фенди“, а на тој начин го објави враќањето во светот на моделите.

„На 9 септември 2022 година, #Fendi ќе биде домаќин на специјална модна ревија во Њујорк за да ја прослави 25-годишнината од #FendiBaguette, дизајнирана од Силвија Вентурини Фенди, и две години откако Ким Џонс стана уметнички директор“, се вели во твитот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Се верува дека ова е првата работа на Линда во светот на манекенството по нејзината драстична промена на изгледот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот