ФОТО | Лепа Брена ужива на геј свадба! Венчавката на Србин и Хрват била во Палма де Мајорка

лепа брена
Лепа Брена/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Лепа Брена го посети шпанскиот остров Палма де Мајорка, каде се одржува дводневна венчавка на Србин и Хрват. Како што пренесува српски „Курир“, белграѓанецот, кој со години живее во Шпанија се венчава со својот партнер, архитект од Хрватска, по речиси децениска врска.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Лепа Брена

Брена пристигнала на островот за да присуствува на загревањето пред церемонијата што се одржала викендов. Пејачката уживала на свадбата со роднините на младоженецот и нивните најблиски пријатели, а во еден момент дури и застанала на сцената и направила атмосфера за паметење.

Покрај пејачката, на островот е и познатиот белградски шминкер Драган Вурдеља, долгогодишен пријател на младоженецот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Лепа Брена

Брена неодамна настапи со Александра Пријовиќ на нејзиниот втор концерт во белградската арена, каде заедно извеле неколку песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот