Лазар Бараков, Ѓорги Колозов - Фото: Facebook

ФОТО | Лазар Бараков се поклони пред вечното почивалиште на последниот „македонски цар“ Ѓорѓи Колозов

Актерот Лазар Бараков, еден од главните ликови кои ги одбележаа „Македонските нардони приказни“ и администраторот на фејсбук-страницата посветена Ѓорги Колозов, Горан Марковски, го посетија вечното почивалиште на „последниот македонски цар“. На средбата полна со силни чувства и емоции тие принесоа скромен подарок, ружа и со длабок наклон му одадоа чест и почит на Колозов, актерот кој остави посебен печат во македонската култура.

– Денес, како админ на оваа страница, заедно со легендарниот Лазар Бараков, се поклонивме пред вечното почивалиште на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов. Нашата средба не беше обична туку преполна со силни чувства и емоции. Таа се случи на свето место – на гробот на човекот кој со својата уметност и умешност нè задолжи како народ и остави длабок печат во македонската култура и душа! Со скромен поклон, ружа во рака, и длабок наклон му оддадовме чест и почит на човекот чие име никогаш нема да згасне! Царот и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ! Вечна слава честити царе! Твојот народ не те заборава – напиша Марковски.

Македонскиот актер Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци. Ќе остане запаметен по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Ѓорги уживаше во својата популарност и надвор од нашите гранци во Австралија, Соединетите Држави, како и во соседните држави на Балканот.

Ненадејно почина на 13 октомври 2003 во Скопје на 55 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот