Лара Иванова / Фото: Инстаграм/Лара Иванова

ФОТО | Лара Иванова го покажа дечкото, имаат посебен повод за среќа

Посебна причина за радост има пејачката Лара Иванова, која со убав повод го покажа својот дечко.

Младата пејачка и балерина, која е сега и радиоводителка, на својата инстаграм-приказна објави слика од неа и од дечко ѝ и напиша: „Среќен роденден љубов“. Саканиот на популарната пејачка чии спотови имаат милионски прегледи на јутјуб е тату мајстор, а на Инстаграм е потпишан како „Калков тату“.

Лара досега јавно нема зборувано за нивната врска, но според сликата се убав и среќен пар.

Лара Иванова со момчето / Фото: Скриншот/Инстаграм

За нејзините успеси, особено за песната „Бела“ која ја пее во дует со Пајак, таа зборуваше во едно интервју за „Слободен печат“.

„Многу ме радува фактот дека моите песни ги слуша и повозрасната, но и помладата публика. По успехот на „Бела“ навистина сѐ почесто ме застануваат на улица и сакаат да се фотографираме, особено децата, што ми е особено драго. Јас сум пресреќна кога ќе ги видам насмевките на нивните лица. Кога ме поканија да настапам на ‘Макфест’, дознав дека и Пајак ќе настапува, па контактирав со него и го прашав дали сака да настапиме во дует. Тој веднаш се согласи. Кога ја снимивме ‘Бела’, ни се допадна на двајцата, но никогаш не помисливме дека ќе стане толку голем хит“, рече Лара Иванова, која студира балетска педагогија.

„Со балет и со музика се занимавам уште од најрана возраст. Завршив основно балетско и музичко образование, како и средно балетско образование. Логично беше да продолжам во оваа насока и сега сум студентка во прва година на катедрата за балетска педагогија (класичен балет) на факултетот за музичка уметност. Исполната сум и среќна затоа што го студирам она што го сакам и за кое отсекогаш имав желба“, рече пејачката.

ФОТО | Таа е балерина и пејачка, но изгледа како модел: Лара Иванова е доказ дека убавината е резултат на здрав живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот