ФОТО: Кузмановски во тимот на колото во Бундеслигата

кузмановски
Филип Кузмановски покажува одлични партии во дресот на Хановер-Бургдорф/Фото: facebook.com/DIERECKEN

Во неделата екипата на Хановер-Бургдорф загуби на домашен терен со 26:31 од Флензбург во рамките од најквалитетната германска лига во заостанат меч од 12 коло.

Тоа беше 18 пораз на Хановер-Бургдорф за моментно 14 место со 21 освоен бод.

Претходно во 29 коло Филип Кузмановски постигна шест гола во гостинската победа на Хановер-Бургдорф против Мелсунген.

Благодарение на оваа одлична партија македонскиот репрезентативец се најде и во тимот на колото во Бундеслигата.

Во тимот на колото се наоѓаат уште В. Бухнер (Хановер-Бургдорф), К. Мелер (Флензбург), Н. Екберг (Кил), Ј. Колбахер (Рајн Некар-Левен), Х. Реинкинд (Кил) и Ј. Шох (Балинген).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот