ФОТО | Крушата под круша паѓа – Кејт Хадсон се појави со синот на црвениот тепих по цела деценија
Актерката Кејт Хадсон направи ретко појавување на црвениот тепих со својот 14-годишен син Бингам Хоун Белами на премиерата на втората сезона на серијата „На чело на тимот“ (Running Point) во Холивуд на 15 април.
Препорачано
Ова беше прво вакво појавување на Бингам по речиси една деценија.
Хадсон, добитничка на Златен глобус, на настанот пристигна со двајца придружници – нејзиниот вереник Дени Фуџикава и синот Бингам.
Мајката и синот се појавија во усогласени црно-бели комбинации. Бингам, кој наскоро ќе наполни 15 години, носеше бела кошула и црни фармерки, а изгледот го надополни со синџир и впечатлив сребрен прстен.

Хадсон позираше покрај него во бела елегантна креација, со подигната фризура и минималистички накит што се вклопуваше со стилот на нејзиниот син.
На фотографиите споделени на нејзиниот инстаграм-профил, актерката нежно го допира синот под брадата, што предизвика насмевка и смеа кај него.

Инаку, последното појавување на Бингам на црвен тепих беше во 2016 година, на настан организиран од неговата баба, Голди Хоун.
Бингам е син на Хадсон и нејзиниот поранешен вереник Мет Белами. Актерката има уште две деца – 22-годишниот Рајдер Расел Робинсон и 7-годишната Рани Роуз.
Покрај семејните моменти, Хадсон на настанот се дружеше и со актерките Минди Кејлинг и Бренда Сонг, кои исто така присуствуваа на премиерата.


