ВИДЕО | Едвај ги сокри градите: Кејт Хадсон доживеа незгода на јавен настан, двапати ѝ се откопча фустанот на незгодно место
Американската актерка Кејт Хадсон доживеа незгода со облеката за време на панел-дискусија за новата сезона на серијата „Плејмејкерка“ (Running Point).
Препорачано
На 45-годишната актерка не ѝ требаше многу време за да зажали што го носеше црниот фустан со длабоко деколте, кој за неа го избра стилистот Марк Ерам, за овој јавен настан.
Пред публиката во Центарот за медиуми „Пејли“ во Мидтаун (Њујорк), модераторката Саманта Бери ја праша актерката зошто ѝ е важно да биде извршен продуцент на оваа серија на Нетфликс, а непосредно пред Хадсон да одговори, почувствува како нејзиниот фустан се откопчува на левата страна, на што таа само извика: „Оууу“.
Актерката веднаш ја стави раката на градите и почна да се смее бидејќи беше свесна дека публиката може да ѝ ги види градите.
Неколку моменти подоцна, нејзината колешка Бренда Сонг заштитнички застана пред неа додека актерот Џастин Теру и модераторката Саманта Бери станаа да ѝ помогнат.
Само 30 минути подоцна, таа го доживеа истото откако и аплаудираше на својата колешка Џеј Елис. Меѓутоа, овој пат и помогна само Џастин Теру.
Хадсон подоцна ѝ даде посебна пофалба на нејзината колешка Бренда, која стана и застана пред неа за да ја заштити од несакани погледи од публиката.


