ФОТО | Кристина Хендрикс изненади со секси објава: Црвенокоса убавица во црна тантела

Кристина Хендрикс
Кристина Хендрикс / Фото: EPA-EFE / Инстаграм

Актерката Кристина Хендрикс со години важи за една од најубавите жени во Холивуд токму поради нејзиниот природен изглед.

46-годишната Хендрикс на големо воодушевување на своите бројни обожаватели, на својот инстаграм-профил сподели секси фотографија.

Црвенокосата убавица на „селфи“ фотографијата позира во огледало во црно боди од тантела истакнувајќи го нејзиниот тенок струк и прекрасно деколте.

Оваа секси фотографија доби над 180 илјади лајкови, но и лавина од коментари.

„Ова е вистинска жена“, „Неверојатно секси и заводлива“, „Боже мој, колку е убава и секси“, „Освежувачки е да се види некој што не е Кардашијан тип на убавина“, „Оваа жена е ремек дело“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Многумина сè уште го паметат одговорот на ѕвездата од серијата „Mad Men“ на прашањето дали нејзините гради се природни.

„Тие се толку очигледно реални, што секој кој некогаш допрел женски гради би требало да го знае тоа“, истакна актерката додавајќи дека прашањето е бизарно.

Кристина во една прилика изјави дека ѝ е жал што нејзиниот талент останал во сенка на нејзиниот изглед во текот на нејзината кариера. Во времето на нејзината најголема популарност за време на емитувањето на серијата „Mad Men“, таа се
пожали дека иако напорно работела на улогата, сите ја прашувале за нејзиниот изглед!

Но, од друга страна, Кристина во неколку наврати истакна дека ѝ е драго што успеала да го прослави типот на женско тело со изразени облини како нејзиното во свет кога филмската индустрија величеше ултра слаби жени.

„Одличен комплимент е што луѓето го сакаат моето тело, поради сите оние моменти кога агентите ми велеа: -Мораш да ослабеш“, во една прилика изјави таа потенцирајќи дека тоа не ја вознемирило.

„Мајка ми добро ме воспита. Таа секогаш го славеше своето тело. Никогаш не сум ја слушнала да каже дека мисли дека е дебела. Кога почнав да се занимавам со манекенство, првиот пат кога отидов во Италија се здебелив 7 килограми. И се чувствував прекрасно. Ќе се соблечев пред огледалото и ќе си речев „Ох, изгледам како вистинска жена“. Никогаш не се обидов да ослабам бидејќи така се сакав себеси“, во една прилика раскажа таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот