ФОТО | Кристина Агилера гола како од мајка родена го прослави својот 44-ти роденден
Кристина Агилера не престанува да ги изненадува своите фанови. Таа на посебен начин го прослави својот 44-ти роденден, објавувајќи на својот Инстаграм профил фотографија на која позира гола.
Препорачано
View this post on Instagram
Пејачката позираше во кожени шорцеви, црн шешир и потпетици, додека со рака ги покриваше голите гради. Заедно со фотографијата напиша: „Роденденско одело #44“ со кое ги воодушеви своите фанови.
Фотографијата брзо привлече внимание, а фановите го пофалија нејзиниот изглед.
„Стареење во години, но подмладување по изглед, тоа е она што се сака“, „Стареење во години, но изгледа помладо е она за што зборувам!“, „HBD mamacita!“, Среќен роденден, кралице!“, беа само некои од коментарите.
Неодамна се појавија шпекулации дека пејачката користи Оземпик, популарен лек за слабеење, што многумина го коментираа на социјалните мрежи. Иако беше мета на вакви коментари, Кристина неодамна изјави дека сега е доволно зрела за да не ја погодуваат туѓите мислења.
„Сега сум доволно зрела што веќе не ми е грижа што мислат другите за мене. Мислењата на другите за мојот живот не се мој проблем“, рекла пејачката и додала дека од почетокот на нејзината кариера, од 90-тите, била често изложени на коментари за нејзиното тело.


