ФОТО | Кралот Чарлс по 20 години има ново милениче: Снаф е новиот член на Бакингемската палата
Бакингемската палата има нов член. Британските медиуми пренесуваат дека кралот Чарлс е воодушевен од своето ново милениче, кученце од престижната раса Лагото Ромањоло, кое е познато по доброто сетило за мирис и способноста да бара тартуфи.
Препорачано
Ова е раса потекнува од италијанскиот регион Емилија Ромања. Кучињата се со средна големина и имаат карактеристично кадраво крзно, поради што секогаш изгледаат неуредно разбушавено.
View this post on Instagram
Кралот сè уште не го покажал своето ново домашно милениче кое наводно го добил на подарок, но судејќи според фотографиите од оваа раса кои се наоѓаат на социјалните мрежи и на интернет, кученцата изгледаат апсолутно неодоливо, па не е изненадување што, кучето кое го доби името Снаф (Snuff) веднаш го освоило срцето на Чарлс.
Медиумите наведуваат дека новиот член на семејството ќе му биде верен придружник на кралот, кој е љубител на долги прошетки во природа, берење печурки и други активности на отворено.
Ова е прво куче на кралот Чарлс по повеќе од дваесет години, бидејќи во 2002 година умре Џек Расел териер, по име Тига, кој го доби кога основаше семејство со принцезата Дијана.


