ФОТО | Копија на својот славен татко: Ова е Џек синот на Џони Деп и Ванеса Паради
Џек Деп (20) е второто дете на Ванеса Паради и Џони Деп, и нивни единствен син. Но јавноста за него не знае речиси ништо.
Препорачано
Неодамна, папараците го снимија синот на Џони Деп, Џек, и светот остана шокиран од фактот колку многу потсетува на својот славен татко. Меѓутоа, Џек сака својот живот да го држи далеку од очите на јавноста.

Додека неговата сестра, Лили Роуз е популарна во светот на шоу-бизнисот, нејзиниот брат сака приватност и анонимност.

Иако има 20 години, скоро и да не знаеме со што се занимава и каде живее. Многумина шпекулираат дека е во Франција со својата мајка, со која е неколку пати уловен од страна на папараците при заедничка прошетка.

Самиот Џони за него еднаш рече:
Мојот син Џек отсекогаш бил многу талентиран уметник. Одлично црта, а притоа и создава музика. Има добар слух. По школските претстави, не покажа желба дека сака да продолжи по моите стапки“, изјави Џони.

Вистина е дека Џек го презира Холивуд и сè поврзано со тој свет. Не може да ги поднесе популарноста и скандалите кои се врзуваат за ликот и делото на неговиот татко, па често се крие од јавноста, а кога ќе забележи папараци, вешто се крие така што никој не може да го фотографира.


