Игор Ангеловски/ EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

ФОТО: Конфликтот на страна кога игра Македонија – Мрме испрати поддршка до фудбалерите

Вечерва македонската фудбалска репрезентација ја очекува натпреварот од полуфиналето во мундијалскиот бараж во кој ќе играме против Данска во Копенхаген, а пред дуелот фудбалерите секако добиваат и голема поддршка.

Помеѓу оние кои вечерва ќе навиваат за успех за Македонија е и поранешниот селектор Игор Ангеловски. Популарниот Мрме неодамна беше во конфликт со актуелното раководство на федерацијата и со Горан Пандев, меѓутоа тоа не е пречка да ја даде својата поддршка.

Ангеловски се огласи преку социјалните мрежи каде што објави фотографија од репрезентативците.

Македонија на стадионот „Паркен“ кој ќе биде исполнет до последното место ќе истрча во терминот од 20:45 часот.

Игор Ангеловски/Инстаграм

Maкедонија вечерва сака уште едно чудо и билет за ново финале во мундијалскиот бараж

ВИДЕО | Сонуваме за нешто слично и вечерва: Македонија со три гола за 20 минути ја победи Данска пред 13 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот