Maкедонија вечерва сака уште едно чудо и билет за ново финале во мундијалскиот бараж
Вечерва фудбалската репрезентација на Македонија игра еден од своите најважни натпревари во последните години и тоа на гости во Копенхаген кај Данска во битката за финале во мундијалскиот бараж.
Препорачано
Данците го имаат домашниот терен, но секако и по квалитет фаворитската улога е на нивна страна, сепак кај нас се будат сеќавањата од натпреварот со Италија кога во истата фаза ги шокиравме Италијанците на нивен терен во Палермо.
Македонија зад себе има еден солиден циклус на квалификации во кој бевме блиску да дојдеме до баражот и преку групата, меѓутоа на крајот дојде и тој дебакл од Велс со со 7-1, а сега со нов предводник на клупата ќе се обидеме да направиме изненадување.
Седлоски ќе го има дебито во неговиот најважен натпревар во тренерската кариера. Списокот на фудбалери за кои се одлучи е малку изменет од последниот на Милевски, тука се неколку повратници, но и нови имиња кои за првпат ќе имаат шанса да истрчаат на теренот. Дебитантите се Имран Фетаи, Дени Мусовски и Себастијан Херера кој е Колумбиец со македонски пасош, а фудбалската јавност го памети по настапите во Првата македонска фудбалска лига во минатото.
Кај Данска селекторот Ример има многу проблеми со повреди. Отсутни се: Андреас Кристенсен, Патрик Доргу, Јоаким Андерсен, Кристенсен и првите двајца голмани Шмајхел и Јоргенсен. Со Данска досега сме одигра три меѓусебни натпревари во кои имаме победа, пораз и реми. Ремизиравме во квалификациите на ЕП во 1996 година (1-1) додека во вториот натпревар во тој циклус загубивме 1-0. Победата ја остваривме на пријателски натпревар во Скопје во 2013 година и тоа со 3-0.
Денешниот натпревар се игра во терминот од 20:45 часот на стадионот „Паркен“.
ФОТО | Најдобрите македонски фудбалери тренираа на стадионот „Паркен“
Барди пред мечот со Данска: Потценувањето само дополнително нè мотивира
Седлоски: Македонија е во голем предизвик за пласман на Светско првенство


