Барди пред мечот со Данска: Потценувањето само дополнително нè мотивира
В четврток од 20:45 часот најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра против Данска во Копенхаген во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи летово.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Своите очекувања за утрешниот меч на денешната прес-конференција ги сподели капитенот на нашата селекција, Енис Барди.
Фудбалерот на турскиот клуб Коњаспор смета дека новите игрчаи одлично се вклопија и дека атмосферата во тимот е на високо ниво.
-Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути. По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно. Во вакви натпревари мотивацијата никогаш не недостасува. Потценувањето само дополнително нè мотивира. Поддршката од навивачите секогаш ја чувствуваме и ќе дадеме сè од себе да ги направиме горди – рече Барди.
Во составот има тројца играчи кои за првпат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа: Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев, кој настапува во првенството на Узбекистан, како и Егзон Бејтулаи од Дрита.


