Фото: ffm.mk

ФОТО | Најдобрите македонски фудбалери тренираа на стадионот „Паркен“

В четврток од 20.45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра против Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекува тешка задача, пред себе имаат квалитетна селекција која ја има фаворитската улога, но нашите фудбалери ветуваат борба за секоја топка на теренот.

Доколку успееме да направиме изненадување и ги елиминираме Данците, на 31 март во финалето повторно на гости за противник ќе го имаме победникот од дуелот помеѓу Чешка и Ирска.

Македонските фудбалери вечерва го имаа официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а како што е веќе познато, нема повеќе билети, се очекуваат полни трибини, а ќе присуствуваат и над 1000 македонски навивачи кои ќе ја даваат поддршката до нашите репрезентативци на патот да се обезбеди поволен резултат.

-Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила – вели селекторот Седлоски.

Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот