Фото: Screensho

ВИДЕО | Сонуваме за нешто слично и вечерва: Македонија со три гола за 20 минути ја победи Данска пред 13 години

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва ја чека натпревар против Данска во полуфиналето од мундијалскиот бараж за Светското првенство во натпревар кој ќе го играме во Копенхаген.
Со Данците последниот натпревар го игравме пред 13 години и тоа беше пријателски натпревар во Скопје кој ни буди убави сеќавања бидејќи славевме победа од 3-0.

Тогаш, херои на Македонија во тој триумф беа: Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески, сите три гола нашата селекција ги постигна до 24. минута од натпреварот.

На останатите два натпревари што ги одигравме имаме едно реми и еден пораз, двата дуели беа одиграни во квалификацискиот циклус за ЕП 1996 во кој во Скопје одигравме 1-1, а на гости загубивме со 1-0.

Седлоски: Македонија е во голем предизвик за пласман на Светско првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот