ФОТО | Колинда во интересно друштво во Катар: По Макрон, заедно со Ибрахимовиќ и со Бекам

Колинда Грабар Китаровиќ/Емануел Макрон/Златан Ибрахимовиќ/Фото: Инстаграм

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ уживаше статус на ѕвезда во Катар. Колинда се појави и на финалето на Светското првенство во фудбал и следеше како неприкосновениот Лионел Меси со својата Аргентина го потврди тој статус со титулата светски шампион.


Во пресрет на натпреварот помеѓу Аргентина и Франција, Колинда се поздравила со својот долгогодишен пријател, францускиот претседател Емануел Макрон и удобно се сместила во ложата на стадионот Лусаил. Потоа поразговарала и со неговата сопруга Брижит Макрон.

Фото: Профимедиа

А по епскиот натпреват Колинда се нашла во уште поатрактивно друштво – се дружела, имено, со славниот Златан Ибрахимовиќ, фудбалер на италијанскиот Милан и со Дејвид Бекам, легендата на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фотографијата од Колинда Грабар Китаровиќ и Дејвид Бекам можете да ја погледнете ТУКА.

ФОТО | Колинда Грабар во кошула од 1800 евра на трибините во Катар

Колинда Грабар-Китаровиќ ја изваја својата фигура и се подмлади: На што се должи витата линија на поранешната хрватска претседателка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот