ФОТО | Колекција фотографии од мисијата Аполо продадени за илјадници евра

Фото: Profimedia

Еве колку кошта да поседувате фотографии од месечината

Серија оригинални фотографии на НАСА од мисиите „Аполо“ биле продадени за вкупно 157.000 евра на аукција во Копенхаген, пренесува „Ројтерс“.

Во колекцијата од 74 фотографии во приватна сопственост од мисиите „Аполо 8-17“ е вклучена и познатата прошетка на Баз Олдрин на месечината за време на првото слетување на Месечината во јули 1969 година, која беше продадена за 7.000 евра.

Во колекцијата е и фотографијата на Баз Олдрин во астронаутско одело и Нил Армстронг, кој се гледа во одразот на визирот на Олдрин, а беше објавена на насловната страница на списанијата „National Geographic“ и „Life“ во 1969 година.

Фото: Profimedia

Првото посведочено „изгревање“ на Земјата во боја од човечки суштества, направена за време на мисијата „Аполо 8“ во 1968 година, беше продадена по највисока цена од 12.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajamul Fayaz (@tajamulfayazlone)

Оригиналните винтиџ фотографии на НАСА беа издадени во ограничен број за научно проучување и објавување во меѓународни списанија.

Фото: Profimedia

Аукциската куќа соопшти дека продавачот е странец со врски со Данска, но не го откри идентитетот ниту на продавачот, ниту на купувачите.

Фото: Profimedia

Ви се оди на Месечината? Пријавете се на следната мисија на НАСА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот