Ви се оди на Месечината? Пријавете се на следната мисија на НАСА

Месечина, Фото: Твитер

Ако едвај чекате да патувате во вселената, НАСА ви нуди шанса да бидете дел од следната мисија додека агенцијата се подготвува да ги врати луѓето на Месечината, пишува „Usa Today“.

Оваа година, НАСА ќе ја лансира својата мисија „Артемида I“ во вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, дел од заложбата на агенцијата „да изгради долгорочно човечко присуство на Месечината во децениите што доаѓаат“.

За да ја одбележи мисијата, НАСА ќе дозволи секој, бесплатно, да го стави своето име на флеш-драјвот што ќе се наоѓа на капсулата „Орион“.

Пријавувањето е едноставно. Прво, посетете ја веб-локацијата „Артемида I“ овде.

Откако ќе кликнете на копчето „Земи карта за патување“, треба да го пополните своето име и презиме, заедно со 4-7 цифрен пин-код. Откако ќе го поднесете формуларот, НАСА ќе испрати QR-код за да им овозможи на оние што ќе се пријават виртуелно да се приклучат на идните лансирања на НАСА. За да пристапат до нивната карта, корисниците треба да го запомнат својот пин-код.

„Се подготвуваме за Артемида I – и сакаме да ве земеме со нас“, напиша НАСА на „Твитер“.

Не е одреден датум за лансирање, бидејќи НАСА го одложи поради безбедносни проверки. Агенцијата се надева дека ќе го лансира леталото во мај 2022 година.

Уникатната можност ќе дојде кога вселенското летало „Орион“ ќе биде лансирано како „најмоќната ракета на светот“ и ќе лета подалеку „од кое било кога било летало направено за луѓе“, велат од НАСА. „Орион“ ќе лета околу 100 киломентри над површината на Месечината околу шест дена, бидејќи леталото ќе помине околу еден месец во вселената.

Што сè е потребно за да преживеете нуклеарен напад?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот