ФОТО | Која е контроверзната вдовица на Светското првенство, која го завела познатиот селектор?

Фото: Инстаграм

Покрај Светското првенство во фудбал, деновиве се зборува и за селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија кој во првиот натпревар успеа да ја победи Аргентина. Станува збор за Ерве Ренар (54), кој е во врска со Вивијан Дие, вдовицата на сенегалскиот тренер Бруно Мецу, кој починал од рак во 2013 година.

Ренар и Дие, кои и двајцата имале по три деца кога се запознале, се вљубиле по смртта на Мецу, а се шпекулира дека парот планира и венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hervé Renard (@herve.renard.hr)


Вивијан, која потекнува од Сенегал, својот прв сопруг го запознала во Италија, а интересно е, како што се развивала нивната врска, тој преминал во ислам.

Со својот прв сопруг добила три деца Енцо, Ноа и Маева, а исто така е и маќеа на четвртото, Реми, од претходната врска на Бруно. По смртта на Мецу, изјавила „дека може гордо да каже дека поминала прекрасна деценија покрај него“. Ренар исто така има три деца – Кендис, Кевин и Одри.

Кендис (25) е многу позната во Франција, се појавувала во бројни реални ТВ-емисии, а била изложена и на жесток напад додека нејзиниот татко бил менаџер на Мароко. Имено, таа била нападната по мечот, при што ѝ фрлале разни работи од трибините, поради што нејзиниот татко расплакал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hervé Renard (@herve.renard.hr)


Од друга страна, Ренар по потекло е од Франција и како што кажал во една прилика, никогаш себе не се сметал за особено талентиран играч, а неговата кариера нагло била прекината по повредата на коленото во 1998 година.

Тој не ни сонувал дека тоа всушност ќе му донесе многу подобар успех од кога и да е, а по тренерската работа стана и повеќе од успешен менаџер.


Како и секој спортист, така и Ренар има некој свој мал ритуал. Имено, тој е познат во јавноста и по едно необично верување, а во прашање носењето среќна бела кошула кога се играат важни натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hervé Renard (@herve.renard.hr)

Ерве Ренар: Работеше како чистач, тој е „мозокот“ зад историскиот успех на Саудиска Арабија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот