ФОТО | Ќерката на Моника Белучи ја краси насловната страница на „Венити фер“, убавата Дева сè повеќе наликува на мајка ѝ
Дева Касел на 21 година веќе јасно покажува дека чекори по стапките на својата мајка, безвременската Моника Белучи. Младата манекенка и актерка направи впечатлива фотосесија за француското издание на списанието „Венити фер“, каде што позираше заедно со актерот Жилиен де Сен Жан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дева, која Белучи ја доби во бракот со Венсан Касел, во моментов работи на филмот „Фантомот од операта“ (Le Fantôme de l’Opéra), чија премиера е најавена за септември. Токму со својот филмски партнер ја реализираше новата фотосесија што привлече бројни реакции на социјалните мрежи.


Младата актерка позираше во долга чипкана тоалета што совршено ѝ прилега, но и во црвена долна облека со која ја истакна својата фигура. Колегата се појави во бела кошула и широки панталони, како и во комбинации со ролка и маица. Стајлингот го осмисли Тања Рат-Патрон, шминката беше дело на Јоланта Чедро, а фризурата на Џон Ноле.
Под фотографиите се нижеа комплименти, при што многумина коментираа дека Дева е „иста како мајка ѝ“ и дека има потенцијал да ја освои актерската сцена.


Иако е четири години помлада од својот партнер во филмот и сè уште учи, Дева веќе има зад себе кампањи за „Диор“, „Макс Мара“ и „Долче и Габана“. Се појави и во мини-серијата „Леопард“ (Leopard) на Нетфликс. Режисерот Александре Кастањети изјави дека веднаш ја доживеал како исклучителна – со етерична појава и елеганција во чекорот, „како да лебди над светот“.
Самата Дева истакна дека е возбудена поради проектот.
„Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект поголем од мене, како и сите што ќе следуваат. Сакав сè да помине добро“, изјави младата актерка.


