ФОТО | Ќерката на Мерима Његомир очекува принова: Јелена го покажа трудничкото стомаче

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Помладата ќерка на познатата пејачката Мерима Његомир, Јелена Његомир со објава на социјалната мрежа Инстаграм откри дека е во блажена состојба. Со прекрасна порака која ја посвети на соптвеното тело ќерката на Мерима чиј живот згасна по кратка борба со ракот, откри дека очекува принова.

„Денес се погледнав во огледало и пуштав по една солза за секој миг кога го критикував своето тело. Колку е само тоа тело совршено. Пуштив солза за секој здив со кој не сме свесни колку сме божествени. Создадени од Бог. Денес плачев од благодарност за се што прави моето тело за мене и покрај моите напори да го променам. Да го навредам. Се сетив и ги бакнав градите што дишат за мене, срцето што чука, рацете што ме прегрнуваат, нозете што одат и умот што ме носи каде што сакам, галејќи ја мојата коса – гласник на моето трпение. Жалам за деновите кога го заборавив тоа“, напиша Јелена во описот на фотографијата.

Јелена веќе е во деветиот месец од бременоста. Радоста ќе беше уште поголема доколку нејзината мајка Мерима беше покрај неа.
Никој не претпоставувал дека кога Мерима самоиницијативно, без консултација со лекар отишла на магнетна резонанца по која и бил откриен рак. А колку била силна бурата од очекувања, надеж и разочарувања за состојбата на Мерима до нејзината смрт, најдобро знаат нејзините ќерки.

ФОТО | Се огласи ќерката на Мерима Његомир: Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот