ФОТО | Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин жестоко ги навреди родителите: „Тие беа отровни…“
Ајрленд Болдвин Искрено проговори за односот сосвоите познати родители актерот Алек Болдвин и актерката Ким Бесинџер само неколку дена пред својот 30-ти роденден. Манекенката опиша дека „пораснала без двајцата родители во својот дом и без браќата и сестрите со кои би можела да се зближи“.
Препорачано
Алек Болдвин (67) и Ким Бесинџер (71) се венчаа во 1993 година, но се разделија по само три години. Официјално се разведоа во 2002 година.
„Влегувам во триесеттите со многу помал товар на плеќите,“ продолжи Ајрленд. „Тој товар произлезе од чувството дека морам да ги носам на грб моите нарцисоидни, непостојани и зависни членови на семејството, за кои мислев дека ми се потребни во животот. Понекогаш имав осамено детство, поради што пораснав со чувство дека морам да се докажувам пред одредени луѓе од семејството. Од некоја причина, нивното признание и пофалби ми значеа. Но ништо не беше толку ослободувачко како сознанието колку се тие луѓе отровни“, напиша таа.
„Сакам да ја заштитам ќерка ми од нив“
Ајрленд истакна дека сето тоа го прави за нејзината ќерка, бидејќи не сака да ја запознаетие луѓе и сака да може да ја заштити од нивниот токсичен влијание.
„Ќе дадам сè од себе да си ја изградам мојата визија за семејство, дел по дел. Да покажам како треба вистински да се однесуваат луѓето во едно семејство.“
Во 2023 година, Ајрленд ја доби својата ќерка Холанд (2) со музичарот РЕЈС (вистинско име Андре Ален Анжос). Во својот блог, освен што ја истакна радоста од мајчинството, призна дека страдала цели 10 години.
„10 години болка. 10 години без да знам што правам или што зборувам, но сепак лажејќи се себеси и другите“, напиша таа.
Животни лекции и мајчинска љубов
Некои од животните лекции што ги научила се: „Не срами се од тоа која си навистина. Потрошив премногу време преправајќи се дека сум некоја друга за партнер, за работа, за да им се допаднам на погрешни луѓе… Би дала сè да можам да го вратам тоа време“, и „Не можеш никого да смениш или да поправиш. Точка. Луѓето мора сами да сакаат да се променат а шансите се мали. Затоа, откажи се додека си во предност.“
Пишувајќи за односот со мајка ѝ, додаде:
„Кажувај ѝ на мајка ти дека ја сакаш секој ден. Прати ѝ порака кога ќе стигнеш таму каде што одиш. Наскоро ќе почнеш да ја разбираш на начини на кои никогаш досега не си ја разбирала.“
Alec Baldwin and Kim Basinger’s daughter Ireland slams ‘narcissistic’ family: ‘Grew up without two parents’ https://t.co/xDyBpJU10U pic.twitter.com/fs8shSUpL4
— New York Post (@nypost) October 21, 2025
Несигурноста и телесната перцепција
Во друга секција од објавата, таа се осврна на несигурностите за сопственото тело:
„Не си дебела. Не си дебела.“ – ја повтори оваа реченица неколкупати.
Завршувајќи го својот емотивен блог пред роденденот, Ајрленд напиша:
„Не можам да зборувам во име на огромниот и постојано променлив свет околу мене. Можам себично да се фокусирам само на својот пат. Се надевам дека ќе ги најдам моите луѓе. Моето племе.“
View this post on Instagram
Во април, Ајрленд сподели слатка фотографија од Алек Болдвин и нејзината ќерка по повод нејзиниот роденден, пишувајќи:
„Среќен роденден, Пипу. Пресреќна сум што се роди. Поради твоето раѓање, и јас се преродив. Те сакам!“
Еден месец претходно, нејзиниот татко Алек во своето реалити шоу „Болдвини“ изјави дека „најтажниот“ дел од разводот со Ким бил тоа што правната битка негативно влијаела врз односот со Ајрленд.


