ФОТО | Ќерката на Исидора Бјелица сподели емотивна фотографија со мајка си: Ги расплака сите

Вила Пајкиќ/Исидора Бјелица/Инстаграм
Вила Пајкиќ/Исидора Бјелица/Инстаграм

Ќерката на починатата писателка, Исидора Бјелица, Вила Еванѓелина Пајкиќ, објави фотографија со која ги растрепери срцата на многумина.

Вила беше посебно поврзана со својата мајка, а нејзиното заминување тешко го прифатија и таа и нејзиниот брат Лав. Често на својот инстаграм-профил споделува фотографии во спомен на својата мајка, како и за роденденот на Исидора, со фотографија од неа како малечка и куп емотивни зборови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vilapajkic

Овој пат, Вила сподели и „стори“ на кое се гледа дека се некаде заедно на патување со Исидора и постариот брат Лав, а на сторито стои и едно виолетово срце. Многумина реагираа емотивно на нејзината објава, затоа што нема потежок недостиг од оној за изгубен родител.

Вила Пајкиќ/Принтскрин/Инстаграм
Вила Пајкиќ/Принтскрин/Инстаграм

Исидора Бјелица почина од рак на 53 годишна возраст. Пред тоа јавно зборуваше за болеста и колку е тешка борбата, особено од финансиски аспект и колку сето тоа е клучно и исцрпувачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vilapajkic

„Ракот е најголема „спонзоруша“. Троши без престан. Живееме во страшно време, ако немаш пари за лечење – умираш. Бев на работ да умрам молчејќи, не признавајќи дека по две ипол години немам веќе пари за лекување, но сфатив дека немам право на такво нешто, поради моите деца“ – изјави еднаш таа која долго време се лекуваше во Швајцарија, па дури и во Македонија.

По долгата и тешка битка со болеста, почина Исидора Бјелица!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот