ФОТО: Ќерката на Бил Гејтс го кажа судбоносното „да“

џенифер гејтс
Фото: Профимедиа

Најстарата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, 25-годишната Џенифер Гејтс зачекори до олтарот да го каже судбоносното „да“ на нејзиното долгогодишнмо момче, 30-годишниот Најел Насат.

Малата интимна церемонија според муслимански обичаи се одржа во петокот на имотот на Гејтс во Северен Салем, Њујорк.

џенифер гејтс
Фото: Профимедиа

Приемот се одржа на истата локација ден потоа во присуство на 300 поканети гости, а Џенифер носеше тантелен фустан со долги ракави изработен по нарачка од Вера Ванг.

На чекорот до олтарот ја придружуваа и Бил и Мелинда Гејтс, кои на почетокот на оваа година го најавија својот развод по 27-годишен брак.

џенифер гејтс
Фото: Профимедиа

Џенифер и Насар, обајцата јавачи на коњи и дипломирани на Универзитетот Станфорд, се во врска од 2017 година, а веридбата ја објавија во јануари 2020 година непосредно пред пандемијата за време на нивното зимување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Katharine (@jenniferkgates)

„Најел Насар, ти си еден и единствен. Апсолутно ме вивна во небо овој изминат викенд, изненадувајќи ме на најзначајната локација низ една од многуте наши взаемни пасии. Не можам да дочекам да го поминеме остатокот од нашите животи учејќи, застејќи, смеејќи и сакајќи се заедно. Милиони пати да.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nayel Nassar (@nayelnassar)

„ТАА РЕЧЕ ДА!! Се чувствувавам како најсреќникот (и најсреќниот) маж во светот во моментов. Џен, ти си сè што сум можел да замислам… и многу повеќе. Не можам да дочекам да израснеме заедно на ова патување наречено живот, и јас едноставно не можам да го замислам мојот без тебе повеќе. Те сакам повеќе од што можеш да замислиш, и ти благодарам што ми го направи секој ден да ми е како сон. Еве за секогаш!“, напиша Насар на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Katharine (@jenniferkgates)

џенифер гејтс
Фото: EPA-EFE/Victor Lerena

 

Видео на денот