Шајло Џоли и момчето за кое се пишува дека ѝ е нов партнер / Фото: Profimedia

ФОТО | Нова љубов? Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит забележана во прегратка со мистериозно момче

Шајло Џоли (19), ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, била фотографирана за време на излегување со непознато момче во Лос Анџелес, што веднаш ја разбуди љубопитноста на јавноста. Двајцата биле забележани во населбата Студио Сити, Калифорнија, а нивната блискост не им избегала на папараците.

Според странските медиуми, Шајло вечерта ја минала во ресторанот „Џоунз он Трд“. Очевидци тврдат дека стоеле држејќи се за раце пред влезот, по што размениле и нежна прегратка. Нивната комуникација укажувала на блискост, но засега не е познато дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе.

Шајло Џоли во прегратка со мистериозно момче / Фото: Profimedia

Да потсетиме, Шајло и понатаму живее повлечен живот. Во 2024 година, во интервју за „Лос Анџелес тајмс“, таа објави дека се откажува од презимето на својот татко. Според законите во Калифорнија, лицето кое го менува своето име мора јавно да го објави барањето во локален дневен весник. Таа е првото дете на поранешната двојка што и судски се откажа од поврзаноста со таткото.

Нејзината мајка, Анџелија Џоли, во вечерното шоу на Џими Фелон изјави дека нејзините деца главно не сакаат да бидат пред камерите.

„Мислам дека некои повеќе би сакале да бидат зад сцената. Но навистина, особено Шајло, сака приватност. Само приватност. Таа најмногу од сите ја цени“, рече тогаш актерката.

Шајло последен пат јавно се појави со својот татко Бред Пит на американската премиера на филмот „Нескршлив“ (Unbroken) во декември 2014 година, заедно со нејзините постари браќа Пакс и Медокс.

ВИДЕО | Неверојатна хемија: Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток филм за „Шанел“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот