Кевин Костнер/Кели Нунан Горс/Фото:CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia / Printscreen/Instagram

ФОТО | Кевин Костнер ја „замени поранешната со нејзина копија“: 24 години е помлада од славниот актер

Холивудскиот актер и режисер Кевин Костнер изгледа дека почнува ново поглавје во својот љубовен живот. Според изворите, 70‑годишниот актер е во врска со Кели Нунан Горс, која е 24 години помлада од него, а многумина велат дека личи на неговата поранешна сопруга.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Гласините за нивната врска почнаа во август, кога биле видени на фестивал во Аспен. Извор за „Дејли мејл“ открил дека Костнер е „среќен по мошне мрачниот период во својот живот“ и дека Кели е „точно она што му треба“ во овој момент.

– Кевин повторно е во врска и среќен е. Тие беа заедно во Аспен и кон крајот на јули. Тој се обидува да ја држи врската приватна затоа што не сака тоа да излезе надвор од контрола – рекол извор близок до парот.

Кели Нунан Горс не е случајна личност — таа е режисерка, авторка и љубителка на сурфање. Според зборовите на изворите, таа и Костнер се поврзале преку заеднички пријатели. Кели живее на Менхетн Бич, Калифорнија, додека Костнер живее во Карпинтерија, Калифорнија — иако се на различни места, тие наводно се гледаат кога имаат можност и уживаат во заедничките прошетки и активностите на отворено.

Од она што се зборува, нивната врска „не е премногу сериозна“, но пријателите велат дека уживаат во меѓусебното друштво, споделувајќи исти интереси, како природа, спорт, сурфање и прошетки со кучиња – работи што ги зближиле уште повеќе.

Многумина кои ги виделе фотографиите тврдат дека Кели драматично наликува на поранешната сопруга на Костнер, Кристин Баумгартнер — барем во појавата и во стилот на однесување, а некои медиуми ја нарекуваат „копија“ на поранешната сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Костнер и Баумгартнер се разведоа официјално во февруари 2024 година, по 18 години брачен живот и три заеднички деца — Кејден, Хејс и Грејс. Разводот беше жесток и траеше долго време пред да биде комплетиран во јавност.

Откако ги заврши правните битки со Костнер, Кристин Баумгартнер продолжи понатаму и започна нова љубовна приказна со финансискиот експерт Џош Конор, кој ја запроси на плажа во Санта Барбара во почетоко на 2025 година.

Иако Костнер и Кристин се сретнале на матурската прослава на нивниот син Кејден во јуни, нивниот однос бил ладен и дистанциран, со малку или никаква комуникација, според сведоштвата од присутните.

И додека поранешната сопруга продолжува со новата врска, Кевин Костнер изгледа среќен и подготвен да ужива повторно во љубовта. Неговото поврзување со Кели Нунан Горс е најновата страница во животот на една од најпознатите холивудски личности – врска што ги поврзува заедничките страсти, семејните вредности и желбата за стабилност по бурниот развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот