ФОТО: Кетрин Зита-Џонс се присети на доделувањето на Оскарите низ годините, а потоа го откри и овогодинешниот стајлинг

epa-efe
epa06423741 Catherine Zeta-Jones arrives for the 75th annual Golden Globe Awards ceremony at the Beverly Hilton Hotel in Beverly Hills, California, USA, 07 January 2018. EPA-EFE/MIKE NELSON

Оваа година многу малку ѕвезди имаа можност да гостуваат на 93-тото доделување на Оскарите, или како номинирани или во служба на презентери на наградите, а за жал, оваа година бевме лишени од внимателно избраната модна комбинација на велшката актерка Кетрин Зита – Џонс.

Па затоа, Кетрин реши на својот инстаграм-профил да сподели неколку од своите омилени фустани од црвените теписи од минатото.

На дури четири манифестации на доделувањето на Оскарите – 1999, 2001, 2003 и 2004 година – велшката убавица и сопруга на холивудскиот актер Мајкл Даглас, Кетрин Зита-Џонс носела креации на брендот „Версаче“.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Актерката се пофали и со креацијата од 2013 година кога му ја даде довербата на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а тој несомнено го оправда тоа.

Instagram
Принтскрин / Instagram

По серијата од пет фотографии од црвениот тепих, актерката го сподели со своите обожаватели и годинешниот стајлинг, за 93-то доделување на Оскарите што ги следеше – пред малите екрани.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Бидејќи не беше меѓу номинираните, а не беше ни поканета да биде презентер на некоја награда, Кетрин Зита-Џонс го следеше годинешното доделување на наградите во свилени пижами – судејќи според фотографијата што ја сподели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот