ФОТО | Кендал Џенер ја покажа својата совршена фигура во бикини: Извајаните стомачни мускули во преден план
Американската ријалити ѕвезда и модел Кендал Џенер го привлече вниманието на бројните следбеници на социјалните мрежи откако позираше во костим за капење.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, таа сподели серија фотографии на својот Инстаграм профил, позирајќи во минијатурно црно бикини и шапка, а луѓето беа воодушевени од нејзините извајани стомачни мускули.
View this post on Instagram
Исто така, на една од снимките, Кендал може да се види како се наведнува низ прозорецот на автомобилот додека вози низ пустината, а на друга, таа енигматично се насмевнува во бикини. Заедно со објавата, која собра речиси два милиони лајкови, таа кратко напиша: „Месечина од јагода“ (Strawberry moon).
Нејзиниот изглед предизвика возбуда кај обожавателите, а нејзината сестра Клои Кардашијан особено се истакна, коментирајќи: „Секако дека си вака совршена и прекрасна“.
Инаку, Кендал неодамна беше и лице на летната кампања на модната куќа Калцедонија, а во март објави неколку провокативни фотографии на кои позира без горен дел од бикини.
View this post on Instagram
Освен што е еден од најбараните модели денес, Кендал Џенер води и успешен деловен живот. Таа е основач на брендот 818 Tequila и соработува со бројни познати модни куќи и списанија низ целиот свет.


