ФОТО+ВИДЕО | Необичен спомен: Карди Би претвори дел од папочната врвца во златен приврзок во форма на срце

На почетокот на ноември раперката Карди Би го роди своето четврто дете, првото дете во нејзината врска со партнерот Стефон Дигс.

Карди Би ја сподели веста речиси лежерно, во видео во кое пее песна од нејзиниот нов албум, кој беше објавен кратко пред да се породи. Сепак, тие набрзо ги споделија и првите фотографии со бебето, пренесува „Пипл“.

Меѓу фотографиите е една од породилиштето, очигледно, на која лицето на детето е покриено, и уште неколку фотографии од нивниот дом, каде што Карди Би го држи малечкото. Момчето е завиткано во персонализирано ќебе и има соодветна капа – го има презимето Дигс, натписот „Патриотс“ – клубот за кој игра Стефон Дигс – и симболите на шлем и топка.

Заедно со овие фотографии, на профилот се појави видео од „Mommy Made Encapsulations“, кои се занимаваат со изработка на накит за одбележување на раѓањето на дете.

Карди Би го има најновото парче накит кое е – бесценето. Имено, Карди ја претворила папочната врвца на својот син во златен приврзок во форма на срце, кој за неа го изработила Џулијан Мари Корона, сопственичка на „Mommy Made Encapsulations“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Во видеото што беше споделено на Инстаграм, прво можете да го видите процесот на обликување на папочната врвца во срце, а потоа нејзиното дехидрирање и потопување во златен хром.

– Таму каде што започна нејзиното патување… се претвори во спомен што ќе го негува засекогаш – пишува во описот на видеото што го прикажува процесот на конверзија на папочната врвца.

– Папочната врвца е првата врска помеѓу мајката и нејзиното бебе – спасоносната линија што ги хранела, заштитувала и носела низ секој момент од бременоста – се додава во објавата.

Објавата, исто така, откри дека ова не е првпат Карди да создава вакви спомени, па затоа пишува „Втора рунда со кралицата.“

– Создавањето на ова сеќавање е секогаш чест, но повторно да го направиме тоа за Карди и нејзиното слатко бебе ни значи сè. Претворањето на нешто толку значајно во парче што може да се чува, памети и негува засекогаш е еден од најпосебните делови од она што го правиме – пишува покрај видеото.

Покрај зачувувањето на дел од нејзината папочна врвца во оваа форма, Карди доби и отпечаток од нејзината плацента, а дел од плацентата беше претворен во капсули.

Целиот процес ја чинел раперката нешто повеќе од 600 долари, според „Е-онлајн“, како и многу други страници.

Да потсетиме, Карди Би веќе има три деца со поранешниот сопруг Офсет, со кого имаше бурен развод. Таа ги има ќерката Култур (7), синот Вејв (4) и ќерката Блосом (14 месеци).

ФОТО | Офсет објави дека детето на неговата поанешна сопруга Карди Би е негово: „Моето дете лол“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот