ФОТО: Камп на „Вагнер“ во Белорусија ги очекува платениците

Фото: „Сирена“

Фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија во којшто треба да бидат сместени платеници од паравоената формација „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, денеска објави рускиот независен медиум „Сирена“.

Како што пренесува „Сирена“, камповите се градат во областа Асиповичи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот дел на регионот Махиљовск. Фотографиите, како што се вели, ги испратил жител на областа. На нив се прикажани воени шатори со дрвени кревети и подови.

Фото: „Сирена“

Белоруската воена мониторинг група Белоруски Хајун објави дека изброила околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да собере до 30 луѓе.

Фото: „Сирена“

„Со оглед на фактот дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишува белоруски Хаџун.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не гради кампови за Вагнер, но ќе помогне со сместувањето на војниците, доколку е потребно.

„Сè уште не градиме кампови. Но, ако сакаат, ќе ги сместиме. Но, засега тие се во Луганск во нивните кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се, ќе им помогнеме колку што можеме додека не одлучат што да прават, рече Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот