ФОТО | Ја засени и Моника Белучи: Џена Ортега во прекрасна црвена креација на отворањето на Венецијанскиот филмски фестивал
Годинашното издание на Венецијанскиот филмски фестивал, инаку 81. по ред, беше отворено со премиерата на филмот „Битлџус Битлџус“ („Beetlejuice Beetlejuice“), а главна ѕвезда на црвениот тепих беше 21-годишната актерка Џена Ортега, која во филмот ја глуми Астрид Диц.
Препорачано
Ортега се појави во гламурозен црвен фустан со отворен грб, откривајќи ги нејзините нозе низ проѕирните набори. Фустанот, всушност, е омаж на познатата црвена венчаница која Винона Рајдер ја носеше во оригиналниот филм од 1988 година.


Младата актерка позираше и со Рајдер, ѕвездата на оригиналниот филм, која носеше фустан сличен на Ортега, само црн.

Ортега успеа да ја засени и прекрасната Моника Белучи, која во филмот ја игра Долорес, сопругата на Битлџус. Инаку, филмот го режираше партнерот на Белучи, Тим Бартон, а Битлџус го игра Мајкл Китон. На црвениот тепих се појавија и Кејт Бланшет, Тејлор Расел, Изабел Гуларт и Попи Делевињ.
Филмот „Битлџус Битлџус“ ќе почне да се емитува во киносалите ширум светот на 6 септември.
Венецијанскиот филмски фестивал, пак, трае до 7 септември, а се одржува на островот Лидо.


