Ѓоко Танески / Фото: Инстаграм/Ѓоко Танески

ФОТО | Ја запознал во период кога му било најтешко: Ова е убавата сопруга на Ѓоко Танески

Пејачот Ѓоко Танески ја запознал сопругата во еден тежок период од неговиот живот, кога бил многу млад. Поп-пејалот од Охрид е долги години во брак со Розе со која има две ќерки, Михаела и Анастасија.

Тој ретко објавува семејни слики на социјалните мрежи, но според оние кои се веќе објавени, се гледа дека неговата сопруга е убава и негувана жена. Поновите слики кои Танески ги објави од сопругата се од зимување.

Ѓоко и Розе Танески / Фото: Инстаграм/Ѓоко Танески

Ѓоко и Розе Танески се венчаа во 2007 година во родниот град на пејачот, Охрид, поточно на Свети Наум. Тие се заедно од времето кога тој имал 21 година. Во истиот период, тој го загубил својот татко.

„Јас останав без татко на 21 година, така што уште не бев ни зрел, и си терав по свое и како ме водеше срцето. И со сопругата сум од мојата 21 година и никогаш не ми пречеше во кариерата“, рече во една прилика Ѓоко Танески во емисијата „Нешто конкретно“.

„Јас од ништо не би се одрекол. Ни од бракот заради кариерата, и од семејството, ни од пријателие. Без пријатели не можеш ни кариера да имаш, така што нема компензација. А, да се одречеме од родителите заради брачниот партнер? Па, ова е некогаш дискутабилно. Јас не, но има случаи што се одрекуваат“, додаде пејачот.

Ѓоко Танески со сопругата Розе и ќерките Михаела и Анастасија / Фото: Инстаграм/Ѓоко Танески

Инаку, Ѓоко Танески во 2011 година ја пронајде својата сестра Елена Соколова која живее во Богданци. Со двајцата браќа ја барал од моментот кога дознале дека имаат сестра, а тоа било кога починал неговиот татко.

Танески тогаш имал 21 година, Елена 32 години. Вистината му ја рекла тетка му, еден ден откако го погребале татко му.

„Елена ни е сестра и по татко и по мајка, а се родила додека не биле во брак. Поради низа околности, не можеле да го чуваат девојчето и го дале во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. По една година отишле да си го земат, но тоа веќе било посвоено“, рече во една прилика Танески.

Ќерките на пејачот се убави како и неговата сопруга, Постарата Анастасија има 18 години, а помалата Михаела – 14 години.

ВИДЕО | „Живееме како никогаш да не сме биле разделени“: Ѓоко Танески за родената сестра која ја пронашол по 45 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот