ВИДЕО | „Живееме како никогаш да не сме биле разделени“: Ѓоко Танески за родената сестра која ја пронашол по 45 години

Фото: Facebook / Gjoko Taneski

Македонскиот пејач Ѓоко Танески неодамна гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, кај водителката Снеже Велков. Меѓу другото, пејачот проговори за емотивната ситуација во неговото семејство, односно дека ја пронашол неговата родена сестра по 45 години, за која долги години не знаел дека постои.

„Ја пронајде сестра ти после многу години…“, го започна разговорот водителката.

„После 45 години…Родена сестра од мајка и татко“, одговори пејачот.

Водителката потоа го праша дали знаел дека таа постои.

„Некое време не знаев. Отпосле дознав. Првично не можевме да ја најдеме, па ја најдовме…Сега живееме како никогаш да не сме биле разделени“, објасни Ѓоко.

На прашањето на Снеже што му променило тоа во животот, тој одговори:

„Сега дознав дека фамилијата ми е најважна. Дознав колку е важно да имаш некого за кого ќе се бориш. Сега имам уште еден член за кого сакам да се борам. И не само сестра, туку имам и внуци. Не знам, се збогативме…“, заклучи пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот