ФОТО | Ја заборави Софи Тарнер: Џо Џонас ужива во Грција со мистериозна девојка
Американскиот пејач и актер Џо Џонас (34) до неодамна престојуваше во Црна Гора, а сега својот одмор го продолжи во Грција.
Препорачано
Иако неговиот развод од актерката Софи Тарнер (28) сè уште не е финализиран и тој неодамна раскина со манекенката Сторми Бри (33), се чини дека не губи време во пронаоѓање нова љубов.

Папарацо-фотографите го „уловија“ со мистериозна бринета во Атина, со која делувале прилично блиско и се гушкале на плажа. Покрај прегратките, имало и држење за рака додека пливале во морето.
Мистериозната жена носела син едноделен костим за капење, но под него се гледало нејзиното затегнато тело.
Joe Jonas cozies up to mystery woman in Greece after Stormi Bree breakup https://t.co/TZRs0aHQn2 pic.twitter.com/e6saeA8l9Q
— Page Six (@PageSix) June 11, 2024
За потсетување, претходно овој месец Џо Џонас раскина со Сторми Бри, со која беше неколку месеци и отпатува во Лос Кабос и Австралија.
Тој почна да се забавува со Бри набргу откако минатата година поднесе барање за развод од Тарнер, со која сè уште води правна битка за старателство над нивните две ќерки.


