ФОТО | Иван од „Либеро“ направи крштевка за ќерката во Бигорски манастир: Малата Ниа ужива во рацете кај татко си

Иван Јованов и партнерката / Фото: Инстаграм/Иван Јованов

Македонскиот пејач Иван Јованов кој е фронтмен на музичката група „Либеро“ и неговата партнерка Ивана пред два месеци станаа родители на нивното прво заедничко дете – ќерката Ниа.

Сега Иван и Ивана направија крштевка за нивната ќерка. Свечениот момент за малата Ниа која се роди во март, се одржа во Бигорскиот манастир.

Пејачот на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира заедно со партнерката и нивната ќерка.

Фото: Инстаграм/Иван Јованов

Среќните родителите одбрале модно усогласени комбинации – двајцата се облечени во сиви одела. Малата Ниа пак, која досега немавме прилика да ја видиме, за крштевањето е облечена во слатко розово фустанче со розови чорапчиња.

ФОТО | Иван Јованов од „Либеро“ стана татко: Со партнерката ѝ дадоа уникатно име на ќерката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот