ФОТО | Иван Јованов од „Либеро“ стана татко: Со партнерката ѝ дадоа уникатно име на ќерката

Фото: Инстаграм/Иван Јованов

Македонскиот пејач Иван Јованов и неговата партнерка Ивана станаа родители на нивното прво заедничко дете – ќерката Ниа.

Фронтменот на музичката група „Либеро“ доби голем број честитки од семејството, пријателите и соработниците од македонската естрада, вклучително и пејачките Барбара Поповиќ и Мартија Станојковиќ, како и од водителот Никола Трпковски.

Јованов ги сподели честитките на својот инстаграм-профил, со што ја потврди среќната вест дека неговото семејство се проширило за уште еден член.

Фото: Инстаграм/Иван Јованов
Фото: Инстаграм/Иван Јованов
Фото: Инстаграм/Иван Јованов
Фото: Инстаграм/Иван Јованов
Фото: Инстаграм/Иван Јованов

Да потсетиме, Иван Јованов претходно беше во подолга романтична врска со пејачката Антониа Гиговска, која сега е во брак со музичарот Роберт Спасенцовски, познат по своето сценско име Џокер. Парот го доби синот Киан пред девет месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот